17 Декември, 2025
0.0570

(ВИДЕО) ДОЖДОВИ, СНЕГ, СИЛЕН ВЕТЕР: Бугарија пак се бори со елементарна непогода!

Објавено во: Балкан 27 Октомври, 2014 12:03

Добивај вести на Viber

Снежен хаос во централните делови на Бугарија. Првиот снег годинава ги затрупа сооб раќајниците и без струја остави десетици илјади луѓе. Најлошо поминаа жителите на Габрово и Тарново, каде има и до 30 сантиметри снег. http://www.youtube.com/watch?v=YL82SB5_y8o На некои места се активира и лизгање на земјиштето, заради што е прогласена вонредна состојба. Истокот на Бугарија, пак, го поплавија обилни дождови. Во градот Бургас, на брегот на Црното Море, денеска е укината вонредната состојба, но вчера надојдената вода однесе еден живот. Брачен пар го напуштил возилото заради поплавениот пат. Надојдената вода ги раздвоила, а жената подоцна била пронајдена мртва. Дождот во Бугарија вчера паѓаше толку обилно што само за неколку часа предизвика огромни поплави. „Можевме само да гледаме што се случува. Ништо не стигнавме да направиме. Ништо, ништо“, велат жители на Хасково. Три резервоари на браната кај Бургас се наполнија до максимум заради што десетици жители во непосредна близина беа евакуирани. „Браната може да биде пробиена секој момент. Најлошо е што под неа лежи нафтовод, па ни се заканува и еколошка катастрофа“, вели Димитар Николов, градоначалник на Бургас. Сепак, од денеска се очекува постепено смирување на времето. Бугарија веќе неколкупати се бори со поплави и огромно невреме годинава, кои нанесоа големи штети и на економијата и на туристичката сезона во земјата.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни