(ВИДЕО) Драма во Индонезија: Најмалку 30 лица загинаа во пад на воен авион врз зграда!
Објавено во: Свет 30 Јуни, 2015 10:48
Најмалку 30 лица загинаа кога воен авион се урна врз стамбени згради во градот Медан на Суматра, но се стравува дека бројот на жртви ќе биде уште поголем бидејќи се знае дека во авионот имало 12 членови на екипажот, а не се знае колку патници имало.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/rriwow/status/615763254845947904/photo/1[/embed]Дописникот на Ал Џезира Стефани Декер напишал на твитер дека пилотите барале да се вратат во базата после полетувањето бидејќи нешто не било во ред. Откако авионот се свртел истиот момент се урнал, напишал Декер.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/karobukanbatakk/status/615765241427693568/photo/1[/embed]Фотографиите поставени на социјалните мрежи ги покажуваат размерите на уништеното, црн дим кој се шири од местото на падот на авионот и стамбена зграда во пламен, додека масата набљудувачи се собираат на местото на несреќата.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/kondekturbus_/status/615758788969103360/photo/1[/embed]Според најновите информации, авионот се урнал врз хотелот во Медан.
Портпаролката на болницата во Медан рекла дека до сега се донесени 20 тела. Според нејзините зборови, двајца жители на стамбената згрда се во критична состојба.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/0MPbMdbQVq8[/embed]Слична несреќа се случи во Медан пред десетина години, кога Боинг 737 на авиокомапнијата Мандала се урнал после полетувањето од аеродромот во стамбената зграда усмртувајќи 143 луѓе, од кои 30 биле во згради.
Со популација од 3,4 милиони, Медан е трет најголем град во Индонезија, после Џакарта и Сурабеја.
Можеби ќе ве интересира
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина






