(ВИДЕО) ДРАМАТИЧНО ВО СРПСКИТЕ БОЛНИЦИ: Ходниците полни со мртви во црни кеси, голем број на интубирани пациенти
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 04 Април, 2021
Драматично е во Србија. Борбата со коронавирусот продолжува.
Пациентите се јавуваат навреме, но клиничките слики се тешки. Дневно има од 4.000 до 5.000 нови заразени со коронавирусот.
Ходници полни со мртви во црни кеси, голем број на интубирани пациенти, пациенти кои се борат за здив во интензивна, тешка, драматична клиничка слика, лекари постојано на нозе … Oва се сликите што ги видовме утрово од црвената зона во Батајница. Репортерот на Првата телевизија беше во црвената зона, каде разговараше со директорката на болницата, Татјана Аџиќ.
„Оваа слика никогаш не е видена од отворањето на болницата. Она што најмногу ме плаши е што во моментот, сликата што ја гледаме тука изгледа како онаа што ја видовме пред една година од Италија, пострашното сценарио што беше во Италија “, рече д-р Аџиќ.
Текот на болеста е тежок и непредвидлив. Она што го видовме е неверојатна тромбоза, од една страна генерализирана од глава до пети … Луѓето остануваат без раце, без нозе. Вирусот е непознат, недефиниран. Не поминува ден кога барем еден не е опериран поради тромбоза … рече меѓу другото д-р Аџиќ.
Погледнете го видеото ТУКА
Во Србија 16 отсто од населението е вакцинирано, а се планира до крајот на овој месец да бидат имунизирани 40 отсто од српските граѓани. Дел од рестриктивните мерки се олабавени.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.