(ВИДЕО) ЏАМБАСКИ СО ПРВОКАТИВЕН СПОТ: Вели Бугарија отсекогаш ја сакала Македонија, а таа пак била бугарска
Објавено во: Македонија 19 Јуни, 2021
Се појави нов спот во кој се вели дека Македонија е бугарска.
Бугарскиот европратеник и заменик претседател на партијата ВМРО БНД, Ангел Џамбаски, на Фејсбук го сподели официјалниот спот на партијата кој е дел од кампањата за претстојните парламентарни избори во Бугарија.
„Македонија е бугарска. Факт на кој не му треба доказ. Факт што Зоран Заев го заборава кога е во Скопје. И тој се сеќава само кога ќе побара нешто. Бугарија отсекогаш ја сакала Македонија. Но, Бугарија не треба да биде уценувана! Пријателството се гради со доверба и доследност. Вистината не може да се заобиколи, а историјата треба да ја отфрли судбината на секој предавник!“, напиша Џамбаски на официјалниот Фејсбук профил.
Ова не е прв пат да се појави ваков спот. И претходно, имаше сличен спот со инсерти од повеќе македонски градови во кои се наведуваше дека Македонија е бугарска. Џамбаски е политичар кој постојано упатува провокации кон нашата земја.Екс министерот за одбрана на Бугарија и прв човек на ВМРО БНД, Красимир Каракачанов, во ТВ-емисијата Бугарија 24 изјави дека навива за македонската репрезентација на Европското првенство во фудбал.
Вели дека затоа што тоа е репрезентација на втората бугарска држава.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.