(ВИДЕО) Експлозија на природен гас ја потресе Минехаха академијата
Објавено во: Свет 02 Август, 2017
Двајца се водат за исчезнати, а деветмина се задржани во болница денеска откако експлозија на природен гас ја потресе Минехаха академијата и сруши дел од зградата, објавија официјални лица од Минеаполис.
Очевидец на настанот изјавил дека двајца мажи викале „гас!“ непосредно пред експлозијата.
Пожарникарските екипи се во потрага по можни жртви во остатоците на приватното училиште, велат официјалните претставници. Од Минехаха академијата велат дека сите студенти од летната програма и вработените се проверени и се на безбедно. Лице за кое се верувало дека е исчезнато подоцна е пронајдено надвор од областа.