(ВИДЕО) Ердоган го пушти во употреба најдолгиот висечки мост во светот
Објавено во: Балкан 18 Март, 2022 21:10
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган пушти во употреба огромен висечки мост над Дарданелите. Ова е најдолгиот висечки мост во светот со централен распон од 2.023 метри и вкупна висина на кулата на мостот од 318 метри.
Мостот што ги поврзува европските и азиските брегови на Турција се нарекува „1915 Чанаккале“ и е изграден од турски и јужнокорејски компании, со проценета инвестиција од 2,5 милијарди евра.
Овие мегапроекти одиграа централна улога во достигнувањата на Ердоган откако неговата Партија на правдата и развојот за првпат дојде на власт во 2002 година. Други проекти го вклучуваат новиот аеродром во Истанбул, тунелите под Босфорот и мостот над теснецот.
фото: EPA-EFE/TURKISH PRESIDENT PRESS OFFICEМожеби ќе ве интересира
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?
ПАДНА ВЛАДАТА НА РОСЕН ЖЕЛЈАСКОВ: По масовните протести, бугарската влада си поднесе оставка
Вучиќ ќе се враќа на премиерското столче? „Немам намера да менувам Устав, но...“




