(ВИДЕО ФАКТОР24) Блерим Река: Македонците имаат суфицит на етнички национализам а дефицит на државен патриотизам
Објавено во: Македонија 25 Мај, 2017 15:32
Контурите на идната влада се поставени. Мандатарот Зоран Заев до крајот на неделава, најверојатно и официјално ќе ги промовира идните министри. Се очекува во текот на идната седница, спикерот Џафери да закаже седница на која ќе се избере новата влада.
Досегашниот премиер Никола Груевски како да не може да се помири со фактот дека повеќе не е дел од извршината власт, па бара од техничките министри во владата на Димитриев да му реферираат за досегашните проекти.
Специјалното јавно обвинителство во меѓувреме отвори три нови предмети од кои во два првоосомничен е лидерот на ВМРО ДПМНЕ.
Катица Јанева побара замрзнување на имотот на најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.
Во синоќешната емисија на ФАКТОР24 гостуваа екс пратеникот и висок функционер на ВМРО ДПМНЕ, иден амбасадор на Македонија во ЕУ Александар Николовски, екс македонскиот амбасадор во ЕУ Блерим Река и поранешниот специјален владин претставник во ЕУ Дејан Ѓоршоски.
„За жал СЈО е фокусирано само на една политичка партија, на ВМРО ДПМНЕ, одреден број на луѓе, кои се во раководството и тоа е еден впечаток кој што не може да се избегне. Она што можам да го кажам во однос на ВМРО ДПМНЕ е дека партијата работи согласно македонските закони и се финансира на ист начин како што се финансираат сите политички партии во Македонија.
СДСМ го напаѓа ВМРО ДПМНЕ употребувајќи го Специјалното јавно обвинителство. Никола Груевски има мандат и е избран на конгрес и во овој момент не гледам ниту една причина зошто би се случила промена на претседателското место. Груевски и во наредниот период ќе остане лидер на ВМРО ДПМНЕ“-ова се дел од поентите изјавени од екс пратеникот и висок функционер на ВМРО ДПМНЕ, иден амбасадор на Македонија во ЕУ Александар Николовски кои можевте да ги слушнете во синоќешната емисија на Фактор.24 .
Екс македонскиот амбасадор во ЕУ Блерим Река вели дека двегодишната политичка криза е битка меѓу брзите избори и спората правда.
„Пржинскиот договор и препораките од Прибе за жал морам да констатирам од досегашната власт беа третирани како мени „а ла кард“ од кое тие го извлекуваа она што им одговараше но не и тоа што требаше да го спроведат и затоа тие се концентрираа на што побрзи избори и да се формира влада за да се одложи функционирањето на специјалното јавно обвинителство“.
„Проблемот кај Македонците е што имаат суфицит на етнички национализам а со жалење констатирам дефицит на државен патриотизам. Се плашам дека од преголема љубов кон нацијата можат да ја изгубат државата“, вели Блерим.
На 27 април тој вели дека Македонија имала два народи, наислниот народ кој удираше врз избраниот народ кој крвавеше.
Река смета дека е крајно време Македонија да го смени целиот ментален склоп и да формира општество во кое сите ќе бидат рамноправни.
Целата емисија може да ја погледнете во видеото:
Фактор24 е економско-политички магазин во изработка на порталот Фактор.мк
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Давкова: Ако сме милостиви, тогаш зошто има толку суровост меѓу нас?
Доктор Беќаровски предупредува: Седењето е поопасно и од пушењето
„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите
Левица: Томовски дели тендери на негови блиски фирми, ќе објавиме фотографии
Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“
Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец
Ваботен во затворот Скопје фатил двајца затвореници со кокаин
Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд
Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село





