29 Септември, 2024
0.0306

(ВИДЕО-ФОТО) Анализа: Кој го создаде ИСИС?

Објавено во: Анализа 22 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

После изјавата во најпознатите медиуми дека ИСИС планира нови „напади“ по Европа и дека нивните агенти веќе живеат во „безбедни куќи“ низ Турција и „фактот“ дека истата „терористичка организација“ држи големи подрачја на северна Африка и Блискиот исток, додека се распламтува стравот од исламот и радиканлите фундаменталисти, се повеќе информации кружат за тоа како ИСИС е болно „чедо“ на тајните служби на Америка и Израел.

Ако ги следите вестите по националните телевизии и ТВ програми не можете да ги избегнете бомбастичните вести за ИСИС или ИСИЛ во необично политички аранжмн, пред камерите, убива луѓе на ѕверски начин. Ако им припаѓате на оние кои веруваат како егзекутирањата пред камерите, се сценски прикази и дека немаат врска со вистината, ве замолуваме да одделите малку време и труд како би дознале на кој таквите информации најмногу му одговараат?

И покрај се погласните апели од Америка како „тие“ не водат војна против исламот, и неверојатните махинации во Украина и упорните обиди на почетокот на вооружениот судир со Русија, малку кој сфаќа како сета политика на САД треба да се гледа низ призма  на согорувањето на проблемот на Блискиот исток и „безобразната“ независнот на некои земји богати со нафта, на пример Иран, Сирија и Русија.

isis

Таа независнот која трите споменати земји ја имаат, не се однесува само на политичката моќ на своето раководство, туку и на економската, а посебно на банкарската независност која „петро доларот“ не може да ја дозволи. Ако на сето тоа го додадеме се посилниот сојуз на земјите на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафричките републики) кои  својата нафтена трговија ја одржуваат во национални валути, исфрлајќи ја во целост улогата на американскиот долар, тогаш се станува јасно.

Секако, не смееме да ја заборавиме и улогата на Израел, која од своето основање константно води отворени или скриени војни со своите арапски соседи, искористувајќи го секое „заострување на односите“ за нов геноцид над Палестинците и намалување на земјите под нивна власт.

Можеби ви се чини како еден Фактор не може да има поточни информации од оние прикажани на националните телевизии, но ќе ве потсетиме дека нашата страница не и припаѓа на ниту една политичка опција и се држиме до кодексите на новинарството притоа објективно информирајки ја јавноста за се што се случува.

Секој може да открие дел од вистината ако за тоа има волја и време.

Вистината од која не можеме да избегаме

Пред неколку дена мировниот генерал Весли Кларк гостуваше на Си-Ен-Ен. Оваа вест по ништо не беше важна или значајна, додека Кларк не го кажа јасно следново:

„ИСИС настана благодарение на паричната и организациска поддршка на американските сојузници и пријатели како таа новонастаната организација би се борела против Хезболах“.

Хезболах (Хизд Алах-божја партија) е шиитска либанско проиранска паравоена организација која настанала во 1982 година како одговор на упадот на Израел во јужен Либан. Хезболах со помош на страшливата партизанска упорност успеала да го натера Израел на повлекување во средината на 2000 година, а после тоа симпатизерите на оваа партија почнале да се воочуваат на подрачјето на Палестина и другите земји на Блискиот исток.

Ако се навратиме на зборовите на генералот Кларк, ќе ве потсетиме како овој високо одликуван генерал со четири ѕвезди беше главен заповедник на НАТО силите во Европа, но за време на кризата на Косово речиси покренал судир од светски размери давајќи наредба на британскиот генерал-полковник Мајк Џексон да покрене напад на Русите кои имале мал контингент на аеродромот во Приштина.

Кларк тогаш ги одбиваше сите понуди на Русија кризата на Косово да се реши по мирен пат па уште во 1997 година се подготвувал на напад на тогашните јужни делови на Србија и соработка со албанската воена организација ОВК.

Овој генерал одсекогаш важел за човек брз на оружје и не склон кон лажење. Поради невозможноста за лажење и недостаток на учтивост, повлечен е од номинацијата на Демкратската партија за американски претседател во 2004 година.

Кларк во Си-Ен-Ен рекол уште некои работи од исклучително значење:

„Ако некој сака да го уништи Хезболах тогаш тоа нема да го направи со рекламирање и повик во регуларна војска, туку ќе регрутира  негативци и религиозни фундаменталисти како тие би ја направиле валканата работа“.

Ако земеме предвид со колкава брзина ИСИС се рашири по Блискиот исток, со очигледно западно вооружување и технологија во раце на искучително добро организиарани „терористи“ зборовите на Кларк повеќе не звучат лудо и бесмислено.

Ако го погледнете видеото со Кларк станува јасно како во едно единствено обраќање на Си-Ен-Ен е откриена вистината за тоа како на Израел му треба уништувањето на Хезболах и дека Русите исто така ги вознемируваат бидјеќи имаат големо влијание на Сирија и Иран, а се плеткаат и во состојбата во Украина, на таков начин Франкенштајн од ИСИЛ станува од ултимативна важност.

Кога чудовиштето ќе побегне од ланецот

Ни се чини како многу мал дел од светските медиуми го пренесуваат мислењето и извештаите од ОН, но сепак многу е важна информацијата како Обединетите нации знаат дека израелските сили за одбрана (ИДФ) оддржуваат редовни контакти со ИСИС од средината на 2013.

Во првичниот извештај на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата на блискиот исток стојат уште неколку многу важни информации, првата е како ИДФ комуницира со ИСИС по прашањето за помош на цивилите, посебно од медицинска природа, а второто е како е забележан необичен трансвер на „две големи дрвени кутии“ со непозната содржина од страна на војската во Израел кон ИСИС.

Ако мислите дека е крај на изненадувачкиот извештај од ОН тогаш мора да ве разочараме, во истиот стои дека Израел ги користи сириските бунтовници како ИСИС често би бил во контакт со нив. Земајќи предвид дека сириската влада со години тврди дека наоружувањето на нивната територија е создадено од страна на америчко-израелски тајни служби, и тоа дека овие две држави ги наоружуваат бунтовниците во Сирија за да го тргнат досегашниот претседател Асад кој гравитира со Русија и Путин, тогаш сликата на блискиот исток станува уште по јасна и повеќе стравична.

isis 1

На обичниот читател врската помеѓу Израел и Америка со ИСИС ќе му изгледа лудо, но ќе ве потсетиме дека неодамна објавените информации во кои се гледа како ИСИС го добива најновиот џип на Тојота дирекно од САД, и дека еден од нивните водачи се обраќа на светот од шатор кој има ознаки од американската помош или УСАИД.

Додајте го на тоа фактот дека Израел пред неколку месеци со ракети ги гранатираше Асадовите позиции бранејки ги жариштата на ИСИС во Сирија, и дека убил ирански воен советник во владата на Асад, тогаш ќе можете да бидете сигурни дека не е се баш така како што гледате и слушате по цензурираните и спонзорирани западни медиуми.

Во сето ова постои една неверојатна работа, Обама неодамна најави борба против ИСИС, а Израел остана необично ладен на таа објава од американската администрација, уште повеќе, одбиле да ја поддржат новата воена доктрина на Обама и тоа го нарекоа политичка грешка. ИСИС ги објавува валканите задачи за подрачјето на Ирак и Сирија и без разлика дали сака Обама или не да го прекине нивното ширење бидејќи „детето“ се сврте против „родителот“ бидејќи Израел со задоволство би сакал да го види целиот арапски свет во пламен.

Израелсака поддршка за ИСИС овозможува уништување на економската независна и самостојна Сирија и го неутрализира Иран односно влијанието на Хезболах. Но како што можеме да видиме, планерите и творците на политиката на ИСИС веќе преминале во останантите земји во кои доминира население од исламска вероисповед, а неодамнешниот повик од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека сите Евреи ќе се „вратат во Израел“ бидејќи во Европа веќе не се сигурни, би требало да го сфатиме со голема важност, не затоа што Нетанјаху стана внимателен туку затоа што ИСИС порано или подоцна од нивните творци ќе добие наредба за напад на Европа. Во таа Европа, Евреите нема да бидат сигурни.

Прашањето е само до кога ИСИС ќе го држи Израел на страна и  дали ова чудовиште веќе побегнало од ланецот.

Кога ЦИА ќе пропее

Според сите информации кои ви ги дадовме до сега, нас можеби најверодостојна ни е онаа која доаѓа од страна на Стивен Келји, некогашен агент на ЦИА, кој за ПрессТв го изјавил следново:

„Ако некој сака да ја уништи ИСИС тогаш треба да ги уништи неговите организации и парични поддржувачи. Со оглед на тоа дека се работи за фабричко создавање, и тоа дека нашата политика спрема неа е обична фарса, треба да земеме предвид кој и зошто ги создадол. Како што веќе реков, ИСИС е сосема вештачка творба. Со организациска и парична помош ИСИС доаѓа од страна на САД и нашите сојузници. Сите оние кои сметаат дека ИСИС е непријател против кој мораме да се бориме во Ирак или Сирија е целосна лага, бидејќи е очигледно дека ние ги создадовме ИСИС, ние ја контролираме оваа организација, и до сега таа својата работа ја работеше одлично, но сега ни е товар и срам, и оваа организација треба да ја претвориме во легитимен непријател.

„ИСИС требало да послужи како би се добила конгресна поддршка за напад на Сирија, но таа не се доби. Пентагон досега веќе направи преку 100 воздушни удари на позициите на ИСИС во северен Ирак, па сепак е потребно да се оди понатаму. Белата куќа инсистира на тоа како е потребно да се искористат воените сили во арапските земји но дека за такво нешто не е потребна поддршка од Конгресот. Неодамнешната изјава на потпаролот на Белата куќа Џош Ернест како Обама нема да се двоуми да го искористи својот авторитет како би ја задржал Америка сигурна, но дека сепак ќе се координира со Конгресот, е токму објава на одлуката за напад на ИСИС во Сирија.“

Јасно ни е дека вистината боли, а уште појасно ни е како луѓето имаат „низок степен на болка“ но животот во илузија сите нас може да не донесе на прагот на целосен глобален судир во кој крвниците ќе се претвараат во херои, а вистинољубителите во злосторници. Во таков свет сите оние кои не сакаат да знаат стануваат колатерални жртви.

Пред да се одлучите дали сакате да ги проверите линковите кои ги ставивме под текстот, запрашајте се дали сакате да ја знаете вистината или не, дали сакате да трагата по неа, без оглед дали таа вистина ќе ја протресе сржта на вашето битие или пак сакате да ги затворите очите и ушите пред фактот дека живееме чекор до „пад во длабока провалија“?

General Wesley Clark: “ISIS Got Started Through Funding From Our Friends & Allies”

UN: Proven Ties Between ISIS And Israel

CIA Contractor: We Fabricated ISIS

Wesley Clark – Wiki

Hezbollah – Wiki

Leaders reject Netanyahu calls for Jewish mass migration to Israel

BRIC – Wikipedija

US invasion of Iraq helped create ISIS – former UN chief

И.Р