(ВИДЕО-ФОТО) Бисери од Минск: Путин скршил пенкало, на Меркел и се расипал телефонот, Лавров пушел како Турчин
Објавено во: Свет 13 Февруари, 2015 13:50
Атмосферата зад сцената на напнатите преговори за украинската криза во Минск била за смеење и за плачење, а ние ви ги пренесуваме најинтресените моменти.
Заспани новинари кои скитаат по бескрајните ходници во Палата на независноста до „кутии кафе“ кои ги испиле политичките лидери, еве ги најинтресните моменти од целоноќните преговори за решавање на украинската криза во Минск.
Новинарите, кои никогаш не им недостасува самосожалување, сметаат дека тие се вистинските жртви бидејќи 16 часа го чекале крајот на маратонските преговори. Некои се тешеле со деликатесите кои лично ги одбрал домаќинот, претседателот на Белорусија Александар Лукашенко.
Другите пак одмарале на подот и спиеле, додека нивните будни колеги тоа го овековечиле во стилот на „најстрашните маки“.
Секако новинарите во паника скокаа на секое отворање на вратата од салата во која се преговарало.
Бркање, паѓање, скокање, набрзина местење на камерата - само за да видат како некој од салата оди да се освежи па се враќа.
Најмалку еден новинар завршил во болница поради исцрпеност.
Акредитацијата ја загубил еден руски новинар, кој викал на претседателот на Украина „Господине Порошенко зашто бомбардирате цивили“, а Порошенко го игнорирал.
Уште еден руски новинар направил скандал. Некој премногу го изнервирал новинарот, поради што почнал да лае над украинските колеги со кои штотуку се запознал. Обезбедувањето реагирало, а новинарот се извинил, па му било дозволено да остане.
На Ангела Меркел и се расипал мобилниот оној што американците не можеле да го прислушкуваат.
Најголема паника во новинарските редови предизвика излегувањето на Ангела Меркел. Представниците на седмата сила си ги искршиле нозете да не пропуштат некоја важна изјава, но се покажало дека всушност германската канцеларка бара полнач за мобилниот телефон, кој целосно се испразнл и исклучил.
Претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Петро Порошенко, веќе се прославија со студеното ракување на првиот состанок во Минск во септември минатата година.
Овој пат се „надминаа“ себе си и се ракуваа во стилот „да трепневте немаше да видите“, кое што камерите го занемариле. Во однос на ова поздравување, претходното дејствувало речиси како срдечно поздравување.
Споредете со септември минатата година.
Веројатно единствениот лидер без очигледна интерес беше домаќинот, Александар Лукашенко.
Лукашенко го изиграа и Путин и Порошенко. Особено Путин, кој секој пат кога ќе излезел на пауза имал намуртен израз на лицето, но просто блескал и срдечно разговарал кога би се нашол со Лукашенко.
Лукашенко будно го прател секое трепкање и кашлање по што се пошегувал дека неговата задача е да „обезбеди залихи“. Не метафорички туку буквално. Самиот на новинарите им раскажал дека на преговарачите им се сервирани најубавите руски и белоруски „јајца, сирење и млечни производи, како и кафе“.
„Како на војна и на мировните конференции ви е портребно наоружување“. Јас бев задолжен за снабдување на оружјето и ја исполнив својата задача најдобро што можев“, изјавил Лукашенко и не можел а да не им напомене на новинарите, дека за разлика од нив преговарачите не се напиле ни капка алкохол.
„Лукашенко ги хранеше преговарачите во Минск со јајца, и ги полеал со кафе“ но, не му останаа должни новинарите.
Поместување на столот на Владимир Путин
Домаќинот Лукашенко кој најавил дека оваа година ке се кандидира за претседателски мандат, бил главен актер на најзанимливото видео на маратонските преговори. Станува збор за поместување на столицата на Владимир Путин, кои многумина го прокомнетираа „Лукашенко нема да биде долго со ваков став“. Меѓутоа погледнете внимателно што се десило.
Пенкалото на Путин
Светските лидери седат на столовите, сите со полна концентрација, внимателно слушаат и внимаваат на секој збор и гест. Владимир Путин држел зелено пенкало, а нешто подоцна пенкалото е скршено. Дали бил нервозен или тоа е само трик?
Фотографијата е лажирана со помош на фото-шоп, еве доказ.
Сергеј Лавров пушел како Турчин.
Најопуштен бил шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој неколку пати излегол за да запали цигара.
Кога по една пуш-пауза новинарите го запреле и прашале, тој им дофрлил во шега дека разговорите се „добри отколку супер“, по што припадниците на седмата силе биле видно скиселени.
Тешка ноќ, подобро утро
На крајот лидерите не дале заедничка изјава, туку прв излегол Путин и во седум минути ги известил дека за 17 часа преговори постигнато е мировно решение кое ќе стапи на сила на 15 февруари.
„Оваа не беше најдобрата ноќ во мојот живот. Меѓутоа реков дека утрото е подобро и дека по сите тешкотии во текот на разговорите, успеавме да се согласиме на главните ставки“, изјавил Путин.
Еве ја реакцијата од сетот на преговорите од Минск.
Можеби ќе ве интересира
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина


















