01 Јули, 2024
0.0328

(ВИДЕО-ФОТО) Десетици жртви и стотици повредени по експлозиите во кинескиот град Тијанџин

Објавено во: Свет 13 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Најмалку 44 лица загинаа, а стотици биле повредени во моќните експлозии во складиште со лесно запаливи материјали во кинескиот пристанишен град Тијанџин, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на кинески претставници и државните медиуми.

Меѓу загинатите има 12 пожарникари. Повредени се 520, од нив 66 се во тешка состојба.

2

Експлозиите доцна синоќа ги искршиле прозорците и ги откорнале вратите на зградите во реонот.

Агенција Ксинхуа јави дека првата експлозија, која според полицијата во Тијанџин се случила во магацин за опасни материјали, сопственост на логистичка компанија, предизвикала експлозии. Ударен бран бил почувствуван неколку милји далеку.

5

Националното сеизмолошко биро соопшти за две големи експлозии пред полноќ, првиот од кои одговара на три тони тринитротолуол (ТНТ), а втората е со еквивалент 21 тони. Двете експлозии со интервал од околу 30 секунди, соопштија Си-Си Ти Ви и државната агенција Ксинхуа.

3

„Помислив дека има земјотрес и се истрчав надолу по скалите без чевли“, раскажува жителка на градот, чиј дом се наоѓа на неколку километри од местото на експлозијата. „Имаше огромен метеор во небото и густите облаци“.

Во социјалните мрежи се шират фотографии на кои се гледа гигантска огнена топка и облак со форма на сунѓер. На други фотографии, прикажани од државните медиуми, се гледаат огнено Море, од што ноќното небо изгледа светло портокалово, и високи столбови чад.

4

Во соседството на Тијанџин на околу 10-20 километри од местото на експлозиите, некои жители спијат на улица со маски.

Си Си Ти Ви соопшти дека на местото биле испратени околу 100 противпожарни возила. Пожарникарите го локализираат пожарот, но тој се уште беснее.

Тијанџин се наоѓа на околу 120 километри источно од Пекинг на Жолто Море и е едно од најголемите пристаништа во земјата.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/sFCTEoxEpkg[/embed]

Можеби ќе ве интересира

КОЈА Е ЖЕНАТА КОЈА ГО ПОБЕДИ МАКРОН? Доживеала траума како дете, го протерала сопствениот татко - ова е целата вистина за Ле Пен

КОЈА Е ЖЕНАТА КОЈА ГО ПОБЕДИ МАКРОН? Доживеала траума како дете, го протерала сопствениот татко - ова е целата вистина за Ле Пен

ФРАНЦИЈА: Ле Пен освои најмногу гласови во првиот круг од изборите, Макрон на третото место

ФРАНЦИЈА: Ле Пен освои најмногу гласови во првиот круг од изборите, Макрон на третото место

MAСОВНА ИЗЛЕЗНОСТ ВО ФРАНЦИЈА: До 17 часот гласале 59,39 отсто од гласачите, што е најголема излезност од 1978 година

MAСОВНА ИЗЛЕЗНОСТ ВО ФРАНЦИЈА: До 17 часот гласале 59,39 отсто од гласачите, што е најголема излезност од 1978 година

(ВИДЕО) ПОЖАРИ ВО ТУРЦИЈА: Евакуирани се туристи, но и локалното население

(ВИДЕО) ПОЖАРИ ВО ТУРЦИЈА: Евакуирани се туристи, но и локалното население

ОВА НЕ Е ТУРИЗАМ, ОВА Е ИНВАЗИЈА: Жителите на шпанскиот град Малага излегоа на протест

ОВА НЕ Е ТУРИЗАМ, ОВА Е ИНВАЗИЈА: Жителите на шпанскиот град Малага излегоа на протест

(ВИДЕО) ИМА ИСЧЕЗНАТИ: Oбилни дождови ја погодија Швајцарија

(ВИДЕО) ИМА ИСЧЕЗНАТИ: Oбилни дождови ја погодија Швајцарија

БЕРБОК СЕ ПРАВДАШЕ: Mесечно троши повеќе од десет илјади евра на фризери и шминкери

БЕРБОК СЕ ПРАВДАШЕ: Mесечно троши повеќе од десет илјади евра на фризери и шминкери

Ако сакавте да живеете во Италија, сега е моментот: Нудат 30 илјади евра за преселба во Тоскана

Ако сакавте да живеете во Италија, сега е моментот: Нудат 30 илјади евра за преселба во Тоскана

Кулеба: Ако има мир без правда, ќе дојде до нова војна

Кулеба: Ако има мир без правда, ќе дојде до нова војна