(ВИДЕО-ФОТО) ДРОН, ЗНАМЕ, ТЕПАЧКА: Прекинат натпреварот Србија-Албанија
Објавено во: Балкан 15 Октомври, 2014 00:15
Натпреварот за квалификациите за Евро 2016, кој во Белград го играа Србија и Албанија, е прекинат во 44 минута откако над стадионот се појави беспилотно летало управувано со далечински управувач кое носеше знаме со мапа на Голема Албанија и Мала Србија и натпис 'autochthonous'.
Она што беше воочливо за македонската публика е дека на знамето кое се вееше се опфатени и делови од западна Македонија.
Дронот кој го надлета теренот, се појавил околу 40 минута, а после четири минути е приземјен а помеѓу играчите во борба за транспарентот настанало кошкање, а српски медиуми објавија дека всушност дронот го управувал Олси Рама, братот на албанскиот премиер Еди Рама кој е уапсен заедно со група албански навивачи.
Постојат сомневања дека Олси е организатор на инцидентот.
Стефан Митровиќ успеал да го симне транспарентот и кога изгледаше дека се е готово, албанските играчи се залетале кон него за да го земат транспарентот, па дојде до тепачка на играчите.
Тоа ги испровоцирало и навивачите кои почнале да влегуваат на теренот, па судијата Мартин Аткинскон ги повикал играчите да го напуштат теренот.
На теренот излегле и силни полициски сили, за да ги смират нередите.
Фудбалерите на Албанија при напуштање на теренот се гаѓани со факели и запалки, а полицијата влегла на јужната трибина и ги раздвоила двете групи на навивачи.
Еден од навивачите кој влетал на атлетската стаза ударил албански играч кога го напуштал теренот.
После еден час, репрезентативците на Србија предводени од Бранислав Ивановиќ, излегле на терен и ја поздравиле публиката што значело дека натпреварот нема да се продолжи.
„Одлучено е натпреварот да не се продолжи од безбедносни причини“, објави потоа спикерот на стадионот.
Нормално е да се очекуваат казни од УЕФА.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни








