(ВИДЕО-ФОТО) Експлозија и силен пожар на нафтена платформа во Мексико зедоа повеќе жртви
Објавено во: Свет 01 Април, 2015 22:08
Експлозија на нафтена платформа на мексиканската државна компанија „Пемекс“ во Мексиканскиот залив предизвика силен оган на неа и го одзеде животот на најмалку четворица работници, соопштија светските агенции.
Според последните податоци уште 16 лица се повредени, а 300 биле евакуирани, соопштија американските медиуми, повикувајќи се на раководството на компанијата.
Првичните податоци беа за 45 повредени.
Пожарот се случил на платформата „Абкатун Алфа“, лоцирана по должината на бреговите на американската сојузна држава Кампече, во југоисточнo Мексико.
Во гаснењето на огнот учествувале екипи на осум бродови за гасење пожари.
Повредените биле пренесени со хеликоптер во болница на градот Сиудад дел Кармен.
Засега од компанијата која ја поседува платформата не е објавена никаква информација за можните причини за пожарот.
Платформата Абкатун е изградена во 2013 година и произведувала најмалку по 300.000 барели нафта на ден.
Можеби ќе ве интересира
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете







