(Видео+Фото) ЈУГОСЛОВЕНСКИ ГЛАМУР: Како Тито ја славеше Нова година
Објавено во: Стил 04 Јануари, 2016
Југословенскиот лидер Јосип Броз Тито секогаш знаел да ужива во празниците со луксузни забави. Маршалот за Нова година често организирал свечени прослави во потесен круг, со фамилијата и пријателите, но не ги изоставувал ни масовните јавни забави.
Нова година во Југославија била важен елемент на колективниот наднационален идентитет во процес на сеопфатна трансформација на општеството, креирање на нов човек во социјализмот и создавање на чувство на припадност во една заедница, без оглед на верата и националноста. Прославата на Нова година со текот на времето ја „потисна“ прославата на Божиќ и стана еден вистински национален празник.
Јосип Броз Тито беше љубител на спектакуларни прослави на новата година. Тој секоја година ја прославуваше во различна република. Последната година пред неговата смрт ја дочека во хотелот “Парк” во Нови Сад.
На следново видео се гледа како присутните одат да се поздрават со Тито, а околу него е и сопругата Јованка.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/AHQu-hZdKs8[/embed]