01 Јули, 2024
0.0737

(ВИДЕО-ФОТО) Масовна евакуација на населението: Во Кина и понатаму беснеат експлозии 

Објавено во: Свет 15 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Кинеските власти ги евакуираат луѓето кои живеат во област со радиус 2 км од магацините во градот Тианџин каде по силните експлозии кои траат веќе трето деноноќие беснеат пожари, информираа светски медиуми.

CHINA-TIANJIN-EXPLOSION-TEMPORARY SHELTER (CN)

Во склад на логистичката компанија „Жуихаи“ пред три дена избувна експлозија, проследена со силен оган.

Според очевидците ударниот бран од експлозиите ги скршил прозорците на куќите лоцирани во радиус од 2 километри и се оштетени над 1.000 возила.

Тианџин 1

Денес реонот беше потресен од седум или осум нови експлозии, кои предизвикаа и големи пожари, а на оние што живеат во радиус од 3 километри им било наредено да се евакуираат. Им се препорачува да се упатат кон училиштата, и да носат долги панталони и маски. На пунктови кон местото на експлозиите се распоредени полицајци и војници, а над него кружат хеликоптери.

Тианџин 5

Кинеската полиција за првпат потврди дека во реонот на моќните експлозии во градот Тианџин има токсичен натриум цијанид. Супстанцата е смртоносна при евентуално голтање или вдишување, а при контакт со вода - лесно е запалива. Полицијата го потврди присуството на хемикалии северно од местото на експлозијата во индустриската зона на градот. Спроведена е деконтаминација на зоната преку редукција на хемиски супстанции.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/zaHcL8jjH9I[/embed]

Според кинеските медиуми властите се поврзале со шефот на хемиско претпријатие. Тој тврди дека и доставил на логистичката компанија „Жуихаи“, чија сопственост избувна во еден магацин, со 700 тони натриум цијанид. Информацијата не е официјално потврдена.

Во регионот денес е спасен уште еден преживеан, информира „ТАСС“. 40-годишниот маж е пронајден на 50 метри од центарот на експлозијата.

Тианџин 2

Во реонот се расфрлени хемикалии, од кои многу можат да бидат опасни, особено ако падне дожд, соопшти денеска Централната кинеска телевизија. Сепак, властите се уште не направиле целосна листа на хемиските супстанци во зоната. Рано утринава воени хиликоптери првпат стигнаа до куќите лоцирани блиску до складовите за да бараат преживеани.

Тианџин 3

Нивото на загаденост на воздухот во моментов не е опасно, посочил пензиониран службеник на градската служба за заштита на животната средина, цитиран од „Ројтерс“.

Бројот на жртвите во несреќата достигна 85, исчезнати остануваат 13 пожарникари и неодреден број пристанишни работници, а повредените се над 700, од ​​кои речиси 30 се во тешка состојба. Над 1.000 спасувачи работат бавно во несигурната ситуација, додаваат властите.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/jFG5sYX06aY[/embed]

Можеби ќе ве интересира

Израел по седум месеци го ослободи директорот на најголемата болница во Газа

Израел по седум месеци го ослободи директорот на најголемата болница во Газа

КОЈА Е ЖЕНАТА КОЈА ГО ПОБЕДИ МАКРОН? Доживеала траума како дете, го протерала сопствениот татко - ова е целата вистина за Ле Пен

КОЈА Е ЖЕНАТА КОЈА ГО ПОБЕДИ МАКРОН? Доживеала траума како дете, го протерала сопствениот татко - ова е целата вистина за Ле Пен

ФРАНЦИЈА: Ле Пен освои најмногу гласови во првиот круг од изборите, Макрон на третото место

ФРАНЦИЈА: Ле Пен освои најмногу гласови во првиот круг од изборите, Макрон на третото место

MAСОВНА ИЗЛЕЗНОСТ ВО ФРАНЦИЈА: До 17 часот гласале 59,39 отсто од гласачите, што е најголема излезност од 1978 година

MAСОВНА ИЗЛЕЗНОСТ ВО ФРАНЦИЈА: До 17 часот гласале 59,39 отсто од гласачите, што е најголема излезност од 1978 година

(ВИДЕО) ПОЖАРИ ВО ТУРЦИЈА: Евакуирани се туристи, но и локалното население

(ВИДЕО) ПОЖАРИ ВО ТУРЦИЈА: Евакуирани се туристи, но и локалното население

ОВА НЕ Е ТУРИЗАМ, ОВА Е ИНВАЗИЈА: Жителите на шпанскиот град Малага излегоа на протест

ОВА НЕ Е ТУРИЗАМ, ОВА Е ИНВАЗИЈА: Жителите на шпанскиот град Малага излегоа на протест

(ВИДЕО) ИМА ИСЧЕЗНАТИ: Oбилни дождови ја погодија Швајцарија

(ВИДЕО) ИМА ИСЧЕЗНАТИ: Oбилни дождови ја погодија Швајцарија

БЕРБОК СЕ ПРАВДАШЕ: Mесечно троши повеќе од десет илјади евра на фризери и шминкери

БЕРБОК СЕ ПРАВДАШЕ: Mесечно троши повеќе од десет илјади евра на фризери и шминкери

Ако сакавте да живеете во Италија, сега е моментот: Нудат 30 илјади евра за преселба во Тоскана

Ако сакавте да живеете во Италија, сега е моментот: Нудат 30 илјади евра за преселба во Тоскана