Добивај вести на Viber
Невремето во Јагодина, Србија почнало околу 13.30 часот и траело околу половина час.
Летале покриви од куќите, а многу од домовите имаат материјална штета. По невремето во Јагодина останал пустош. Во радарскиот центар на Бешанија велат дека дејствувале со градобијни ракети, а ситен град паѓал во Чуприја, Јагодина и во околните села. Штетите допрва ќе се сумираат. Снимки од невремето осамнаа на Фејсбук и Твитер. Невреме имало и во други делови на земјата, но со помали размери.
[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/yTpLtmqgczI[/embed]