18 Мај, 2024
0.0308

(ВИДЕО-ФОТО) Обвинет за измама застрела тројца во суд во Милано

Објавено во: Свет 09 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Италијанец, обвинет за лажен стечај, збеснал и убил три лица во судската комора во Милано, а потоа бил фатен на 30 километри од местото на инцидентот, објави „Кориере дела сера“. Тој ранил две лица, од кои еден е во потешка состојба. Во зградата е најдено уште едно тело - на маж без прострелни рани, за кого се смета дека може да починал од инфаркт поради страв.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/3z7ZqvPDlOg[/embed]

Напаѓачот Клаудио Джардиело (57 година) отвори оган во аулата на третиот кат, додека се разгледувал случајот против за кој бил обвинет во 2008 година за банкрот на агенција за недвижности, во која тој поседувал 55% од акциите. Според судиите стечајот бил лажен.

klaudio 1

Клаудио испукал околу 4 истрела, по што побегнал кон вториот кат, влегол во кабинетот на судијата Фернандо Чампи, кој го судел за дела со банкротот, и го убил. Меѓу жртвите е адвокатот на обвинетиот Лоренцо Алберто Кларис Апиани (37 години). Според „Кориере дела сера“ третиот убиен е Џорџо Ерба (60) - поранешен негов партнер во агенцијата и исто така обвинет во случајот. Поранешниот вработен во агенцијата Давиде Лимонджели е во болница и е во тешка состојба. Исто така во болница е и самиот напаѓач, кој беше фатен час и половина по пукањето.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/05VkJG1ljaU[/embed]

Джардиело избегал од судската комора со скутер и бил фатен од полицијата во Вимеркате, на 30 километри од местото на инцидентот. Уапсен е во трговски центар, а потоа однесен на распит, при што неговата здравствена состојба се влошила.

Сведоци на ужасот тврдат дека луѓето панично бегале кон улицата, а меѓу целите на убиецот бил и обвинителот Луиџи Орси - главен обвинител во случајот, кој останал неповреден.

klaudio

Неколку часа по пукањето уште не беше јасно како Джардиело влегол во судницата без оружјето му да биде откриено од метал детекторот. Беше објавено дека тие работеле нормално од изутрина, иако едниот бил поправен пред неколку дена. Претстои да се разјасни дали адвокат Апиани не поминал заедно со клиентот преку специјалниот службен влез преку кој проверки за оружје не се прават.

klaudio 3

Напаѓачот Клаудио Джардиело (57 година) е параноичен со агресивен карактер, изјави Валерио Мараниело, поранешен бранител на убиецот во истиот случај. Адвокатот ги раскинал односите со Клаудио пред извесно време, бидејќи одбил да ги сослуша неговите совети.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/Q5aQpVGnC-I[/embed]

Можеби ќе ве интересира

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција