(ВИДЕО) Гори во Далмација, Херцеговина, Босна …
Објавено во: Балкан 21 Јули, 2015 14:11
Гори густа борова шума, на растојание од два километри, и покрај напорите на пожарникарите, пожарот бил забележан околу три часот наутро во близина на куќите во Трстеник, кои речиси целосно мораа да бидат евакуирани, пренесува хрватскиот портал „Index.hr“.
Огнот беснее и се протега во должина од повеќе од два километри, а во областа се сите достапни противпожарни служби на располагање.
Тешката е состојба и во областа на Смоквица на Корчула каде што огнот избувнал за време на викендот, а е локализиран само на североисточната страна, вчера повторно беше надвор од контрола благодарение на пожарникарите.
На повеќето места е критично а најкритично е во делот од градот Брно, каде што огнот проголта повеќе од 500 хектари густа борова шума.
Борова шума вчера попладне горела и во близина на Примоштена, но по два часа борба, само што пристигнала во близина на куќите, пожарникарите успеале огнот да го стават под контрола.
Покрај пожарникарите за гаснење на пожарот морало да се интервенира и со Канделабри.
И понатамо гори и во Херцеговина, но исто така и во Босна.
На подрачјето на Херцеговина во последните 24 часа се забележани вкупно 18 пожари, во четири подрачја на Мостар, осум подрачја во Чапланије и шест во Читулука, соопшти денеска оперативниот центар за цивилна заштита „ХНК“
Љубушки пожарникари вчера биле испратени за помош на Чапљина, бидејки пожарот во Студенци почнал да им се заканува на локалните жители и куќи.
Пожарот до утрото во Љубушко не бил изгаснат, но е под контрола и надзор, додека другите пожари се изгаснати.
Во пожарите претежно горела трева, ниско стеблести растенија и отпад, се наведува во соопштението.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/YU5UGsvfQNA[/embed]Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




