(ВИДЕО) ГРАЃАНИТЕ СЕ ИСПЛАШЕНИ: Мечка се шета низ Сараево
Објавено во: Балкан 18 Мај, 2023 15:41
Мечка прошета низ улиците на босанскиот главен град Сараево. Оваа несекојдневна сцена ги исплаши граѓаните.
Претседателот на Сараевското ловечко друштво Муриз Буква за „Кликс.ба“ потврдил дека ја следат мечката и ја упатуваат да се врати од каде што дошла.
„Се обидуваме да ја вратиме, а таа веќе се упати кон касарната, односно кон Змајевац, тука сме и работиме, ако треба, ќе ја заспиеме и ќе ја вратиме… Во контакт сме со Факултетот за ветеринарна медицина, ако почне да прави проблеми и да полуди, ќе мора да ја застреламе за да не повреди никого“, изјавил Буква.
Ловците велат дека луѓето им се заканувале на живеалиштата на мечките со неодговорно однесување и со возење мотоцикли и квадрицикли низ шумите, што го нарушувало животот на животните. Се смета дека мечката се симнала од пашиното брдо преку Седреник кон Вратник. Луѓето од автомобил во движење ја снимиле мечката.
foto printskrin
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




