(ВИДЕО) Хаос во Бања Лука: Силно невреме, улиците поплавени за неколку минути!
Објавено во: Балкан 21 Јуни, 2014 18:41
Подрачјето на градот Бања Лука синоќа го зафати силно невреме пропратено со јак ветер и грмотевици кои направија хаос на улиците, пренесуваат тамошните медиуми.
Возачите на автомобилите поради изненадното невреме застануваа покрај патот, со оглед на тоа дека видливоста била минимална и секое возење ризично.
Силен ветер носеше дождови и улиците за неколку минути биле исполнети со вода а засега нема информации за евентуални последици од невремето во градот кој и изминатите денови, со сончеви интервали, често беше изложен на изненадни врнежи.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




