01 Јули, 2024
0.0263

(ВИДЕО) Исчезна авион со 54 патници во Индонезија: Лошото време ја отежнува потрагата

Објавено во: Свет 16 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Патнички авион од внатрешните линии на Индонезија со 54 лица во авионот изгубил контакт со воздушнaта контролна кула над источниот регион Папуа. Тоа го објавија од Националната агенција за потрага и спасување (BASARNAS), цитирана од светските агенции.

„Изгубивме контакт со авионот“, изјавил шефот на агенцијата.

Според информации на „BASARNAS“ објавени на официјалниот профил на „Твитер“, авионот е на „Trigana Air Service“ и во него имало 54 патници, вклучувајќи ги и 5-те члена на екипажот и пет деца и бебиња.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/RT_com/status/632852822892118016[/embed]

„Аirlive.net“ забележува дека авионот е „ATR 72“ и e со број на летот „IL267“.

„Франс прес“ информира, дека авионот изгубил контакт малку пред 15 часот по локално време (околу 8 часот наутро по македонско време) по полетувањето од аеродромот „Сента“ во главниот град на провинцијата Папуа.

Портпаролот на Министерството за транспорт потврдил дека е изгубен контакт со авионот, кој требаше да пристигне во Оксибил по 15 часот по локално време.

„Ние не знаеме што се случило со авионот и ги координираме активностите со локалните власти. Времето во моментов таму е многу лошо, многу е мрачно и облачно. Не е можна потерница. Регионот е планински“, додал портпаролот.

„Trigana Air“ е авионска компанија во Индонезија.

Во декември 2014 година авион на „AirAsia“ се урна при лет од индонезискиот град Сурабаја до Сингапур при бура над јаванското Море. Сите 162 патници загинаа. Несреќата ја принуди владата да воведе прописи со цел подобрување на безбедноста.

Претседателот на Индонезија ветил во јули дека ќе бидат проверени авионите откако воен авион се урна во северниот дел на земјата, и во кој загинаа 100 лица.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/a9EgUOhZJ1A[/embed]

Можеби ќе ве интересира

Израел по седум месеци го ослободи директорот на најголемата болница во Газа

Израел по седум месеци го ослободи директорот на најголемата болница во Газа

КОЈА Е ЖЕНАТА КОЈА ГО ПОБЕДИ МАКРОН? Доживеала траума како дете, го протерала сопствениот татко - ова е целата вистина за Ле Пен

КОЈА Е ЖЕНАТА КОЈА ГО ПОБЕДИ МАКРОН? Доживеала траума како дете, го протерала сопствениот татко - ова е целата вистина за Ле Пен

ФРАНЦИЈА: Ле Пен освои најмногу гласови во првиот круг од изборите, Макрон на третото место

ФРАНЦИЈА: Ле Пен освои најмногу гласови во првиот круг од изборите, Макрон на третото место

MAСОВНА ИЗЛЕЗНОСТ ВО ФРАНЦИЈА: До 17 часот гласале 59,39 отсто од гласачите, што е најголема излезност од 1978 година

MAСОВНА ИЗЛЕЗНОСТ ВО ФРАНЦИЈА: До 17 часот гласале 59,39 отсто од гласачите, што е најголема излезност од 1978 година

(ВИДЕО) ПОЖАРИ ВО ТУРЦИЈА: Евакуирани се туристи, но и локалното население

(ВИДЕО) ПОЖАРИ ВО ТУРЦИЈА: Евакуирани се туристи, но и локалното население

ОВА НЕ Е ТУРИЗАМ, ОВА Е ИНВАЗИЈА: Жителите на шпанскиот град Малага излегоа на протест

ОВА НЕ Е ТУРИЗАМ, ОВА Е ИНВАЗИЈА: Жителите на шпанскиот град Малага излегоа на протест

(ВИДЕО) ИМА ИСЧЕЗНАТИ: Oбилни дождови ја погодија Швајцарија

(ВИДЕО) ИМА ИСЧЕЗНАТИ: Oбилни дождови ја погодија Швајцарија

БЕРБОК СЕ ПРАВДАШЕ: Mесечно троши повеќе од десет илјади евра на фризери и шминкери

БЕРБОК СЕ ПРАВДАШЕ: Mесечно троши повеќе од десет илјади евра на фризери и шминкери

Ако сакавте да живеете во Италија, сега е моментот: Нудат 30 илјади евра за преселба во Тоскана

Ако сакавте да живеете во Италија, сега е моментот: Нудат 30 илјади евра за преселба во Тоскана