19 Декември, 2025
0.0369

(ВИДЕО) КАНАДА: Почина повредениот војник во Отава, следете ја ситуацијата во живо!

Објавено во: Свет 22 Октомври, 2014 21:20

Добивај вести на Viber

Во престрелката е повреден член на обезбедувањето пред зградата на Парламентот во Канада, а полицијата убила најмалку еден напаѓач.

Војникот, кој го рани непознатиот напаѓач пред споменикот на паднатите жртви во војната, во центарот на Отава, починал, еден член од обезбедувањето пред зградата на Парламентот е повреден, а полицијата убила најмалку еден напаѓач, соопштено е од кабинетот на канадскиот министер за имиграција Јејсон Кени,

„Му изразувам сочуство на семејството на убиениот војник, а упатувам молитви за стражарот кој е повреден. Канада нема да биде исплашена“, изјавил канадскиот министер.

Откако ја отворил вратата во близина на споменикот на канадските жртви во војната, напаѓачот избегал во зградата на Парламентот, во кој биле неговите членови, на редовна седница.

Сведоците на тој напад тврдат дека полицијата фатила еден осомничен.

Се верува дека со себе имал автоматско оружје.

Три пациенти се во болница

Канадскиот премиер ја напуштил својата канцеларија и е на безбедно.

Портпаролот на болницата во Отава рекол дека примиле тројца пациенти, од кои два се во стабилна состојба.

Зградата на Парламентот во Отава и понатаму е затворена.

Во изјавата за Ај Џезира, сенаторот Џим Мунсон, кој се наоѓа во зградата на Парламентот рекол: „Зградата е блокирана целосно. Луѓето се потресени. Ваков терористички напад изгледаше како невозможен. Колку  што јас разбирам, еден напаѓач е убиен, а можно е дека во прашање се тројца напаѓачи.

Репортер на Globea, кој исто така е во Парламентот, кажал за Ал Џезира дека е видено тело на подот после пукањето, но дека не се знае идентитетот на жртвата.

Полицијата не ги потврдила овие детали, но е соопштено дека трае потрагата по едно или повеќе лица и дека се истражуваат неколку инциденти пукање кај споменикот, Парламентот и во близина на шопинг центарот Ридо.

Подигнато ниво на закана од тероризам

Снимките во живо покажуваат полиција и колана итната помош на местото на настанот.

Канада подигна ниво на закана од тероризам од најмало до средно неколку часа пред нападот.

Највисокото ниво беше воведено пред четири години.

Овој инцидент се случува два дена откако во Квебек двајца канадски војници се прегазени, а еден од нив починал.

На ОВОЈ ЛИНК може да следите што се случува во Отава во живо!

 

Можеби ќе ве интересира

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците