(ВИДЕО) Километарски колони за излез од државата: Се ита кон Грција
Објавено во: Македонија 01 Јули, 2018
Хаотична ситуација и долги колони автомобили на границата „Богородица“ за излез од државата. Ваква слика е забележлива од видеото кое е објавено на каналот ALL AROUND BALKANS на јутјуб пред неколку часа.
Иако од АМСМ информираат дека на границата кај Гевгелија се чека од 30 до 45 минути револтирани граѓани на социјалните мрежи кажуваат дека чекаат повеќе од 2 часа.
Од дежурната служба на ГП „Богородица“ утринава соопштија дека од македонска страна граничниот премин работи со полн капацитет и оти се пуштени сите шест ленти, но дека застојот е од грчка страна .
Време на летни одмори е па ваквата слика е вообичаена за овој период од годината, посебно во деновите за викенд.