ВИДЕО: Кој е исходот од референдумот во Република Српска?
Објавено во: Балкан 26 Септември, 2016
Мнозинството од босанските Срби вчера на референдум ја поддржаа прославата на Денот на Република Српска во Босна и Херцеговина (БиХ).
Референдумот е успешен, а српските челници во БиХ се задоволни.
Претседателот на РС, Милорад Додик им честиташе на граѓаните и е среќен што референдумот помина мирно.
„Се чувствувам горд затоа што денот помина како што многумина не очекуваа. Покажавме она што сме ние, тоа е нашата волја. Немаше ни еден инцидент“ - рече Додик.
На референдумот избирачите требаше да одговорат на прашањето „Дали ја поддржувате прославата на 9 јануари за Ден на Република Српска?”. На овој датум во 1992 година се одржа првата седница на парламентот на Србите во БиХ. По обработката на 30% од гласовите позитивно на прашањето одговориле 99,8% од гласачите. За референдумот беа регистрирани 1 219 399 босански Срби.
Претставникот на президиумот на БиХ, Бакир Изетбеговиќ изјави дека тоа е “пробен балон”, по што ќе следи референдумот за независноста на Република Српска. Против гласови се спротивставија САД и ЕУ, но Москва го поддржи.