05 Декември, 2025
0.0467

(ВИДЕО) КОЛКУ ДОЛГО ЖИВЕЕ ВИРУСОТ И КАДЕ - опасни се и пенкалата

Објавено во: Корона Вирус 24 Март, 2020 09:57

Добивај вести на Viber

Молекуларниот биолог Гордан Лауч, за хрватската телевизија ХРТ објасни колку живее вирусот на кои површини, и во колкав временски период тоа трае.

Вирусот многу се прошири по светот, и тоа најмногу од причина што луѓето не бе свесни колку лесно можеме да го „собереме“, објасни Лауч. 

Ова што го презентирам, вели тој, е заклучено врз основа на сериозни истражувања.

„На картон тој може да преживее 24 часа. Значи, некој ја допрел картонската кутија, потоа вие ќе ја земете таа кутија и практично ќе го донесете вирусот на својата рака.

На метал тој трае до два дена, на пластика, пак, дури и повеќе од три дена. Значи, било кој пластичен предмет вие да го земете, потенцијално на себе има вирус. За среќа, тоа што сте го зеле во рака, тоа уште не значи дека сте се заразиле, бидејќи вирусот не може да помине низ нашата кожа. Значи, се што ќе допреме што потенцијално има вирус, ако ги миеме рацете со вода и нсапун, ние немаме проблем“, вели молекурарниот биолог.

На прашањето околу амбалажата на производите што ги купуваме во продавниците, колку е опасна, тој го советува следново. 

„Не само дуќан, било кој предмет што ќе го допрете. На пример, кваките на вратите, или, пенкалото. Ако го земете нешто да потпишете, пенкалото е опасно. Значи, сите тие предмети што ги допирате, тие се потенцијално опасни. Затоа, се што ќе дојде во нашите раце, мора да го третираме како опасно, и веднаш да ги измиеме рацете пред да се допреме по устата, носот, да го почешаме окото и сличо“, вели Лауч. 

Значи, тоа го советиваат и Италијанците сега, се што ќе се донесе во куќата, дури и од продавниците, треба да го пребришеме, или со етанол, или со обичен сапун, детергент или вода.

Сите луѓе што се во контакт со што повеќе луѓе, се на првата линија на фронтот.

За среќа, некои луѓе нема ни да забележат дека го имаат вирусот, но проблемот е што потенцијално го пренесуваат.

Погледнете го видеото.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: