ВИДЕО: Комплекс Ветрило-живеалиште за среќно, здраво домување
Објавено во: Економија 20 Март, 2016 10:54
Покрај модерниот надворешен изглед, со кој овој комплекс потсетува на луксузен медитерански објект, го карактеризира статика која е сеизмички проверена и одобрена од институтот за сеизмологија во Скопје, како и перфектна звучна и термичка изолација што го става во категорија на високо енергетско ефикасни објекти. Тоа за новите семејства кои ќе се вселат ќе значи заштеда на значителна сума од буџетот за греење и ладење во нивниот нов дом. Цената по квадрат е значително поволна, што го прави овој објект вистинска животна инвестиција.
Комплекс се состои од 18 типски објекти поделени на три типа А, Б, В. Квадратурата на објектите е 120 м2, распределени на два ката, приземје и кат. Во приземјето се сместени кујна со трпезарија и дневна соба, додека на катот се сместени спалните соби со две бањи и тераси. Квадратурата на парцелите каде што се сместени објектите се движат од 200-240 м2, што е доволно да можат да се паркираат две возила и да се сместат содржини за рекреација.
Самиот комплекс е поделен со две внатрешни ново проектирани улици кои овозможуваат дополнителна приватност. Комплексот е свртен кон исток, југ и југо запад, локацијата е во благ пад што овозможува објектите да бидат каскадно наредени, и да не си пречат еден на друг, да има многу светлина и да се овозможи и поубав поглед. Инвеститор е компанијата Интерсофт, градежна компанија која над 15 години гради современи простори на домување.
Повеќе детали погледнете во видеото
https://www.youtube.com/watch?v=2W6XE8kLmnU
[embed width="750" height="500" ]http://https://www.youtube.com/watch?v=2W6XE8kLmnU[/embed]
Можеби ќе ве интересира
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?




