(ВИДЕО) Курти: Не дојдов на разговори за разговори, туку за разговори за договор

Објавено во: Балкан 18 Март, 2023
Пред средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ во Охрид, косовскиот премиер Албин Курти изјави дека е оптимист и дека се надева на договор.
Вели дека ќе направи што е потребно во интерес на народот.
„Тука сум за принципиелен, отворен, сериозен дијалог кој треба да резултира со договор… Не дојдов на разговори за разговори, туку за разговори за договор“, вели Курти.
Курти и Вучиќ денеска имаат средба со европските политичари Жозеп Борел и Мирослав Лајчак за да ги нормализираат односите на релација Белград - Приштина.
Македонскиот премиер Димитар Ковачевски рече дека сакаат модерен и мирен Балкан и дека со соседите сака да бидеме дел од ЕУ.
Kури се сретна со претседателот на ДУИ, Али Ахмети и со македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи.
Вучиќ кажа дека денеска нема да потпишува ништо. Србија инсистира да се формира Заедница на српски општини на Косово. Курти пак кажа претходно дека за ова разгледуваат различни модели.
foto printskrin
Можеби ќе ве интересира
Курти: За членството во Советот на Европа, Косово веќе го има потребниот број гласови

СЕ СТРЕСЕ РОМАНИЈА: Земјотресот го почувствуваа и во Србија

Туристи од Ќустендил откажале патување во Македонија стравувајќи од каменување на автобусите

ТРАГЕДИЈА ВО ЦРНА ГОРА: Баба со внукот скокнала во реката Морача

ЗОШТО ИСЧЕЗНАА ТРОЈЦА МАЖИ ВО ДУНАВ? Еве што тргнало наопаку!

ЕКСПЕРТИ ЗА СОСТАНОКОТ ВО ОХРИД: Еу покажа дека нема легитимитет!
