(ВИДЕО) Малишева ексклузивно од ќелијата во Идризово: Можевме да ја ограбиме која било банка, наместо да одиме во Диво Насеље
Објавено во: Македонија 13 Мај, 2020
Албанската емисија „Топ Стори“ направи документарен филм со Мухамед Красниќи, преживеаниот лидер од борбите со македонската полиција во кумановската населба „Диво Насеље“, кој во ексклузивен разговор од својата ќелија од затворот во Идризово вели дека групата не земала пари за терористичкиот акт, туку наседнале на националистичка реторика.
- Али Ахмети беше на власт во тоа време. Ако ги земете нивните изјави, Тачи, Ахмети, Груевски, нивните потези, јасно е дека тие го организираа насилството за да не стават во замка, го злоупотребија нашиот патриотизам, вели поранешниот член на ОВК познат уште како и Малишева за инцидентот кој ја потресе Македонија и регионот пред 5 години.
Тој вели дека мотив за терористичката акција не биле два милиони евра како што се тврди во медиумите, бидејќи „искусната“ група можела ако сакал, како што вели тој, да дојде до таа сума на пари на многу полесен начин.
- Нашата група од 40-ина членови можеше да ја ограби која сака банка во регионот и да земе многу повеќе пари на многу посигурен начин. Нема таков факт, нема докази, немаше пари на судењето, никогаш не се споменаа. Убеден сум дека не постои такво нешто, ние сме страдалници, знам од каде потекнува предавството и кој му служеше на предавството, ќе дојде време кога ќе ги откриеме имињата, вели Красниќи во документарецот кој во Албанија беше објавен вчера.
Лидерот на „кумановската група“ додава дека Али Ахмети му дал список на Хашим Тачи од 50 имиња за кои „Косово не требало да интервенира и да не ги спречува да ја преминат македонско-косовската граница“.
Красниќи додава дека македонската полиција прва почнала да пука, според него, неконтролирано и без предупредување.
„Поголеми уништувања имаше од македонска страна, а не од нас, тие уриваа куќи, тие пукаа неконтролирано со кој било арсенал, па дури и од хеликоптери “, раскажува Красниќи.
Тој потврди дека успеале да стапат во контакт со Али Ахмети за време кога било најгусто, но дека тој рекол дека нема шанси да им отвори коридор за бегство па и дека тогаш не верува дека тоа не би било некаква замка. Красниќи вели дека телефонски зборувал со Артан Груби од ДУИ но имал чувство дека оваа партија посакувала сите членови на групата да бидат убиени во престрелките.
Осудените се распоредени во затворите во Шуто Оризари и Идризово, а во моментов се надеваат на ревидирање на одлуката на затворските кази од страна на Врховен суд.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.