(ВИДЕО) Млади луѓе ја прекинаа манифестацијата Денови на српската култура во Сплит, извикувале „За дом спремни“
Објавено во: Балкан 04 Ноември, 2025 17:38
Група млади луѓе во црни маици и качулки ја прекинаа манифестацијата Денови на српската култура во сплитскиот кварт Блатине. Присутните ги избркаа со повици „За дом спремни“ и „Смеќа српска“, пренесуваат хрватските медиуми.
Гости биле членови на културно-уметничкото друштво од Нови Сад кои дошле да настапат на вечерната програма. Според полицијата, во нападот не било извршено физичко насилство, но атмосферата била исполнета со страв и навреди.
„Петмина упаднаа во салата и бараа да го прекинеме настанот, велејќи дека „нема место за вакви програми во месецот кога се обележува Вуковар“, изјави Илија Борковиќ, потпретседател на сплитскиот пододбор на Просвета.
Градоначалникот Томислав Шута остро реагирал на настанот.
„Сплит мора да биде град на сигурност, толеранција и почитување кон сите граѓани, без оглед на нивната национална или верска припадност“, истакна тој.
Пратеничката Маријана Пуљак од Центар нагласила дека очекува решителна реакција од градските власти и полицијата. Партијата Можемо оценила дека се работи за „срамна епизода“ во животот на градот и повикала на итна осуда.
До вторник попладне, сплитската полиција уапси вкупно три лица во врска со инцидентот.
фото принтскрин
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




