(ВИДЕО) Над 500 повредени при експлозија во тајвански аквапарк
Објавено во: Свет 28 Јуни, 2015 11:44
Бројот на настраданите во експлозијата, што избувна во тајвански аквапарк, во градот Синбеи, се искачи на 516 лица, пренесуваат локалните медиуми.
Настраданите се со изгореници на кожата, повреди на дишните патишта и други различни трауми.
Наводно, 194 од повредените се со особено тешки повреди. Засега нема информации за загинати.
Настраданите се транспортирани до 39 болници околу реонот на несреќата.
Инцидентот се случил во 20:30 часот по локално време, додека во аквапарк се спроведувал фестивалот на боите „Color Play Asia“.
Беше објавено дека на главната сцена избувнал пожар, по што избувнала и експлозијата. Засега не е јасно што е причината, но е можно експлозијата да е предизвикана од разнобојниот прав, кој бил во воздухот.
На местото на несреќата немало лекови и опрема за спасување. Немало и болничари.
Според очевидци, ситуацијата по експлозијата била „како во пеколот“. Некои од луѓето почнале да скокаат во водата за да се спасат.
По експлозијата се создал хаос и пристигнатите итни екипи тешко се пробивале кон настраданите.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/UVCF8nIZ-iU[/embed]Можеби ќе ве интересира
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина




