06 Декември, 2025
0.1324

(ВИДЕО) НЕ БИЛЕ СТУДЕНТИТЕ: Колега го удрил српскиот полицаец кој со повреди на окото заврши во болница

Објавено во: Балкан 11 Март, 2025 16:17

Добивај вести на Viber

Полицаецот пред РТС го удрил колегата. 

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа даде изјава од болницата каде го посети полицаецот Лазар Баќиќ, за кого тврди дека е жртва на судирот меѓу полицијата и студентите кои се судрија пред зградата на РТС во понеделникот вечерта.

Но, на социјалните мрежи се појави видео кое докажува дека полицаец го удрил човекот. Нова.рс пренесува дека Баќиќ, кој бил во цивилна облека, пришол на колона полицајци во полна опрема, при што еден од полицајците во колоната го удрил.

Вучиќ изјави денеска дека Србија е на удар на многумина кои сакаат да ја урнат затоа што економски тргна напред. Тој тврдеше дека деновиве пак ќе има судири. 
Откако лани на 1 ноември се урна натстрешница на Железничката станица во Нови Сад и уби 14 луѓе, во Србија има масовни протести. Граѓаните бараат одговорност за случајот и се бесни поради корупцијата. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Шекеринска: НАТО внимателно го следи руското хибридно мешање на Балканот

Шекеринска: НАТО внимателно го следи руското хибридно мешање на Балканот

Хорор во Чачак: Ги исекол грлата на родителита, па се избодел и си ги пресекол вените

Хорор во Чачак: Ги исекол грлата на родителита, па се избодел и си ги пресекол вените

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа