(ВИДЕО) НЕМААТ ЛЕКОВИ, А ДО БОЛНИЦА ПАТУВААТ ПО 8 ЧАСА: Цело село е заразено со коронавирусот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 26 Јуни, 2020
Во Перу, цело село е заразено со коронавирусот, а до најблиската болница луѓето патуваат по осум часа со брод.
Во оддалеченото село Шипибо скоро цела заедница покажале симптоми на коронавирус, а најблиската болница е далеку. Затоа е изградена импровизирана болница во која работат само двајца медицински техничари.
„Во изминатите три дена ни снема од лековите што ни ги даде владата. Ние немаме дури ни парацетамол“ – вели медицинскиот техничар Елиас Магин.
Од 750 луѓе во оваа заедница, околу 80 проценти се смета дека се заразени. Најмалку четири лица починаа.
Во оваа импровизирана болница нема респиратори, нема кревети и напредна опрема и технологија.
Латинска Америка е на удар на пандемијата, а Бразил е големо жариште.
Но, не се поштедени ниту Перу и Чиле. Во Чиле имаше и социјални немири.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.