18 Декември, 2025
0.0477

(ВИДЕО) НИ ПИШТОЛ НЕ ГИ ИСПЛАШИ: Храбри жени во Нови Сад сами се пресметаа со разбојник

Објавено во: Балкан 27 Мај, 2014 14:52

Добивај вести на Viber

Храброст или лудост, ама еден 21-годишен жител на Нови Сад во Србија долго ќе го памети обидот да ограби една продавница затоа што го спречија невооружени жени. Маскиран и вооружен, арамијата се обидел да ја ограби продавницата во која се наоѓале сопственичката, нејзината сестра и ќерка. Под присила тој ја одвлекол сопственичката на дуќанот и ја турнал на подот затгоа што се спротивставила на грабежот. Сестрата на сопственичката започнала да се пресметува со него, а тој ја удрил со пиштолот во глава. Гледајќи дека нема да може да ги ограби, тој избегал од продавницата. Но, по него се пуштила ќерката на сопственичката на дуќанот, која го следела  додека на телефон разговарала со полицијата. Во текот на потерата младиот разбојник го фрлил пиштолот, а за неколку минути полицијата го пресретнала и го уапсила. Се покажало дека ќерката го познала разбојникот иако бил маскиран, бидејќи живеел во истиот крај. Кога го идентификувала тој го признал делото, а освен тоа на ушите му биле пронајдени траги од хируршката маска со која го криел лицето. Иако ова не е првпат граѓани да даваат отпор на разбојници, експертите за безбедност ваквиот потег не го препорачуваат. Како што велат, материјалната штета во вакви грабежи е минимална и ја покрива осигурувањето, а реакцијата може да ја влоши ситуацијата, па дури и да доведе до загуба на човечки живот! http://www.youtube.com/watch?v=8TiFTGWOk-k http://www.youtube.com/watch?v=xSyDfTTcIQ0

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии