(ВИДЕО) Објавени разговори на руските комичари со Харадинај
Објавено во: Балкан 12 Јули, 2019 20:00
Русите го објавија и мајтапењето на пранкерите со косовскиот премиер, Рамуш Харадинај.
Во јавноста се појавија и разговорите на Харадинај со руските комичари.
Со Харадинај пранкерите муабетеле во јануари и во април.
Во телефонски разговор објавен на Јутјуб, Харадинај ветува поддршка за Петро Порошенко и вели дека ќе се моли за него на сите избори, пренесува Газета Експрес.
„Мислам дека по победата, јас ќе го признам Косово како независна држава“ – рекол „Порошенко“.
Медиумот пренесува дека руските комичари муабетеле и со премиерот на нашата држава, Зоран Заев кој кажал дека тој им го дал бројот од Харадинај на пранкерите.
Претходно, руските комичари ги измамиле францускиот претседател Емануел Макрон, како и со Борис Џонсон, Жан Клод Јункер, Ники Хејли, Гуаидо, неколку американски гувернери и конгресмени.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




