(ВИДЕО) ОШТЕТЕНА Е ГАСОВОДНАТА СТАНИЦА ВО СУЏА: Ова би попречило транзит на руски гас кон Европа
Објавено во: Свет 21 Март, 2025 16:58
Оштетена е гасоводната станица во Суџа во Русија.
Украинската aрмија на Телеграм објави снимка и соопшти дека е извршен напад врз неодамна затворената пумпа за гасоводот и мерната станица во градот Суџа.
Гасоводот во Суџа Русите го користеа за испорака на руски гас во Европа преку Украина.
„Медиумите известуваат за успешен напад на системот за транспорт на гас во Суџа, кој непријателот го користел за испорака на гас во Европа“, се вели во објавата покрај видеото.
Генералштабот на вооружените сили на Украина објави дека „силите на рускиот претседател Владимир Путин извршија артилериски напад врз мерна станица за гас во рускиот регион Курск за да ја обвинат Украина за тоа“. Украина во јануари престана да врши испорака на руски гас кон Европа преку гасоводот во Суџа. Војната трае повеќе од три години. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година.
Putin’s forces shelled the Sudzha gas metering station in Russia’s Kursk region with artillery in order to blame Ukraine — the General Staff of the Ukrainian Armed Forces pic.twitter.com/pJLbebLu82
Можеби ќе ве интересира
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете




