(ВИДЕО) ОТКРИЕНИ: Тајните Хитлерови нуклеарни тунели!
Објавено во: Мои пари 29 Декември, 2014
Подземните комплекси во кои нацистите работеле на создавање на нуклеарно оружје е откриен во Австрија,
Во прашање е вистински лавиринт на подземни тунели за кој се верува дека било место на кој нацистите работеле на изработка на нуклеарни бомби, пишува Дејли меил.
Комплексот е откриен во близина на градот Сент Георген во Австрија неделава.
Ископувањата започнале бидејќи истражувачите откриле зголемени нивоа на радијација во тоа подрачје,
Режисерот на документарецот Андрас Сулцер, кој го предводи истражувањето, рекол за Сандеј тајмс дека најверојатно станува збор за најголемата тајна соба за производство на оружје во Третиот рајх.
Се претпоставува дека на изградбата на комплексот работеле логораши од Матхаузен - околу 320.000 од нив во многу тешки услови под земја.
Тимот на терен сега ги отстранува слоевите на земја и песок, како и тешките гранитни плочи од влезот, но истражувачите веќе откриле шлемови кои им припаѓале на СС ѕтрупите, но и уште некои нацистички реквизити.
Ископувањата се запрени минатата недела додека не се добијат потребните дозволи за истражување на историски важните локалитети.