08 Декември, 2025
0.1312

(ВИДЕО) Ова се г-дин и г-ѓа Клуни!

Објавено во: Стил 28 Септември, 2014 21:05

Добивај вести на Viber

Холивудскиот актер Џорџ Клуни во Венеција се венча со неговата избраничка, британската адвокатка со либанско потекло Амал Аламудин. Иако се најавуваше дека церемонијата ќе биде в понеделник, нестрпливите младенци уште денеска го кажале судбоносното „ДА“. „Свадбата на годината“, како што ја најавија италијанските медиуми, сепак трае цели четири дена, а на неа се поканети и многу познати холивудски ѕвезди, пријатели на актерот. По венчавката, новите г-дин и г-ѓа Клуни со бродови заминале на забавата која се очекува да трае до доцна вечерва. http://www.youtube.com/watch?v=M4YViLByvaY Аламудин е исто така своевидна ѕвезда во адвокатскиот свет, позната по многу важни случаи, како што се застапувањето на поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко и наосновачот на Викиликс Џулијан Асанж. Свадбата секако не е скромна - венчавката се одржа во венецијанска палата од 16-от век, а прославата е во ултра-луксузен хотел со седум ѕвездички. Клуни и Аламудин на своите 150 гости се обидоа да им организираат вистински свадбен спектакл во Венеција. Младенците постојано во чекор ги следат папараци, а многу туристи викендов се упатија кон Венеција во обид да „ѕирнат“ дел од церемонијата заради која беше затворен целиот центар на градот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

МАСК СО ОСТАР КОНТРА УДАР - казната од Европската Унија „го извади најлошото“ од технолошкиот милијардер

МАСК СО ОСТАР КОНТРА УДАР - казната од Европската Унија „го извади најлошото“ од технолошкиот милијардер