(ВИДЕО) Папата во Албанија: Екстремистите ја злоупотребуваат религијата
Објавено во: Балкан 21 Септември, 2014 19:00
При денешната посета на соседна Албанија Папата Франциско ја осуди злоупотребата на религијата од екстремистите за оправдувања на насилствата.
Во својот говор во претседателската палата во Албанија Папата рече дека никој не смее себе си да се смета за божји штит додека ја користи религијата при планирањето и извршувањето на актите на насилство.
Папата ги даде овие забелешки на мисата во претседателската палата на Албанија во главниот град Тирана. Тој, исто така, рече дека Албанија е инспиративен пример за верска хармонија. Тоа е посебен случај во овие времиња кога екстремните групи го изопачуваат автентичниот верски дух и каде што верските разлики се инструментализираат, додаде тој. Околу 10 отсто од Албанците се католици, додека околу 60 отсто се муслимани. Стотици илјади христијани и муслимани, се собраа во албанскиот главен град Тирана за да го поздрават Папата за време на неговата еднодневна посета. Албанските власти ја зголемија безбедноста на највисоко ниво, по предупредувањата од Ирак дека милитантите од Исламската држава може да се обиде да го нападнат папата.Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни




