(ВИДЕО) ПЕКИНГ ЗА МИГ ЗАМРЕ: Поради коронавирусот нема луѓе на улиците
Објавено во: Свет 27 Јануари, 2020
Кинескиот Пекинг сега е град на духови, а улиците се празни поради коронавирусот.
Од коронавирусот досега починаа 81 човек, а заразени се околу 3.000 луѓе.
Поради мерките на претпазливост Владата затвори десетина градови од кои луѓето не смеат да излегуваат ниту да влегуваат.
На луѓето им се советува да избегнуваат јавни собирања, а одложен е и почетокот на пролетниот семестар.
Училиштата и бизнис просториите во Шангај ќе бидат затворени до средината на февруари, најави локалната власт, додавајќи дека воведуваат низа мерки за спречување на ширење на вирусот. Училиштата нема да работат до 17 февруари. Одлуката е донесена откако е потврдено дека во градот Шангај се заразени 53 лица, а едно лице починало.
Стефан Војниќ (27) од Белград, кој во моментов се наоѓа во „најопасниот“ град во светот, Вухан, неколку дена е ставен во карантин поради коронавирусот. Тој вели дека не се плаши од заразата затоа што строго се придржува до сите правила, но не може да дочека да се врати дома.
Тој го опишува Вухан како „град без луѓе“, каде се затворени сите форми на јавен превоз од автобуси, метро до аеродромите, во некои продавници полиците се празни, но, вели Стефан, во моментов има доволно храна за сите.
Новиот, брзорастечки коронавирус, кој веројатно потекнува од лилјаци, иако генетски сличен на вирусите САРС или МЕРС, припаѓа на друга група наречена бетакоронавирус, според една кинеска студија. Со овој вирус може да се заразат диви животни и луѓето.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.