16 Декември, 2025
0.0351

(ВИДЕО) ПИНК ПАНТЕР-Криминалците од Балканот осомничени за гражба на Лондонски трезор

Објавено во: Свет 13 Април, 2015 18:50

Добивај вести на Viber

Британската полиција ја истражува можноста дека грабежот на трезорот во центарот на Лондон, за време на велигденскиот викенд, го извеле членови на меѓународната криминална група Пинк Пантер, со потекло од Балканот, соопштија вчера британските медиуми.

На снимките на надзорните камери, кои во саботата ги објави весникот Мирор, може да се видат неколку мажи облечени како работници, но со лица скриени од камерата, како влегуваат и излегуваат од зградата во јувелирската област Хатон Гарден, во која се сместени сефовите во кои повеќето локални јувелири го чуваат накитот.

[embed width="701" height="450" ]https://youtu.be/NnsYjOMHfWA[/embed]

Членовите на бандата, во флуоресцентни елеци и шлемови, мирно ги носеле вреќите и ги туркале кантите за отпадоци во високообезбедената зграда во центарот на Лондон, а по две ноќи „работа“, заминале со содржината на 72 сефа, чија вредност се проценува на 60 милиони фунти (82 милиони евра).

Според очевидци, само неколку часа пред почетокот на грабежот во квартот Хатон Гарден биле видени сомнителни мажи од Источна Европа.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/CrEO93yeRnI[/embed]

„Видов двајца на мотори, додека другите беа во комби. Неколку минути внимателно ја посматраа зградата со сефовите. Мислам дека ја набљудуваа зградата планирајќи грабеж и нешто тука ми стана сомнително“, рекол сведокот, јувелир.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/LiCR2MOGepE[/embed]

Полицијата дошла до голем број фотографии од безбедносните камери, кои во моментов се анализираат, соопшти Скотланд јард.

Детективот Пол Џонсон, кој ја предводи истрагата, изјавил дека крадците биле мошне смели и тој викенд двапати влегле во зградата. Ограбувачите во тие два наврати отвориле 72 од вкупно 999 сефови. Меѓу ограбените е и озлогласеното гангстерско семејство Адамс, а неговите шефови Тери и Томи Адамс наводно се бесни зашто крадците ги украле нивните скапоцености во централен Лондон, пренесува Дејли мејл.

Полицијата признала дека алармот бил активиран во зградата веднаш по полноќ, на 3 април, во почетокот на празничниот викенд, но дека никој не бил испратен да провери, па кражбата била откриена дури во вторникот.

Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете