(ВИДЕО) По закон Бугарите во Македонија не постојат, се пожали Петар Колев во Бугарија
Објавено во: Македонија 24 Јули, 2021
Претседателот на ГДУ, Петар Колев, кој вчера се сретна со бугарскиот претседател Румен Радев и министерот за надворешни работи Светлан Стоев, за БГНЕС вели дека Бугарите во земјава не постојат на законодавно ниво.
Тој вели дека не се сложува со премиерот Зоран Заев.
„Нивните права не се почитуваат и покрај тврдењата на официјалната власт и лично на премиерот Заев. Бугарите во РС Македонија треба да имаат исти права како сите останати граѓани на РС Македонија“, изјави тој.
Рече дека тој е жив, здрав, Бугарин е и живее во Штип. Колев вели дека Радев е прв кој сакал да чуе како живеат Бугарите во Македонија. Тврди дека има омраза кон Бугарите во Македонија и кон оние Бугари од Бугарија.
Односите меѓу двете земји некои аналитичари ги оценија дека никогаш не биле полоши претходно.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.