17 Декември, 2025
0.0464

(ВИДЕО) Полицијата седум часа го претресуваше станот на Бандиќ, што пронајде?

Објавено во: Балкан 20 Октомври, 2014 10:28

Добивај вести на Viber

Хрватската полиција во текот на целата ноќ го претресувала станот на градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ, а тој ноќта ја помина во притвор. Се бараат документи и докази кои ќе ги потврдат полициските сомненија за негова вмешаност во коруптивни афери, злоупотреба на положбата и трговија со влијание. Засега нема информации што точно е пронајдено, но денеска освен домовите ќе се проверуваат и службените канцеларии на приведените во акцијата „Аграм“. Ќе се пребарува Управата на Градот Загреб, како и холдингот каде се наоѓаат Канцелариите за јавна набавка на градот. Синоќа при спроведувањето, загрепскиот градоначалник изгледал прилично вознемирен и изнервиран, а камерите го снимиле како се расправа со инспекторите. http://www.youtube.com/watch?v=LYYjGOJxqQQ Според хрватските медиуми, едно од делата за кое е осомничен Бандиќ и за кого се води истрага против него е финансирањето на кампањата за претседателските избори во 2009 година. Според неофицијалниот информации, тој од Загрепскиот холдинг извлекувал пари, кои потоа ги трошел во предзиборни цели, но имал и сомнителни донации. Во кампањата Бандиќ собрал околу 8,6 милиони куни (1,1 милиони евра), но потрошил речиси двојно повеќе. Дел од донациите, иако било наведено дека дошле од различни приватни лица, сепак постоеле назнаки дека всушност голем дел доаѓале од исто лице.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни