(ВИДЕО) Полициски и армиски засилувања на островот Лезбос, поради приливот на бегалци
Објавено во: Балкан 06 Септември, 2015 19:28
Полициски и армиски засилувања беа испратени денеска на островот Лезбос, за да се справат со приливот на илјадници бегалци и мигранти, пренесе „Франс прес“.
Во саботата вечер полициските сили за борба со безредија ги отфрлија со гранати и со солзавец илјадици мигранти, кои се обидоа да поминат низ блокадите и да се качат на траект, изнајмен посебно, за да ги превезе до Пиреја пристигнатите на источниот егејски остров. Еден бегалец е повреден во судирите и е сместен во болница, соопшти полицијата.
Претходно во текот на денот стотици мигранти протестираа, извикувајќи „Бегалец, азил“, пред основниот приемен центар на островот против тешката постапка за регистрација, и забавување на трансферот кон Атина. Полицајците биле гаѓани со камења.
Тензиите на островот се зголемиле повторно во текот на ноќта, кога двајца напаѓачи од мотор фрлиле два молотови коктели против сириски бегалци во паркот на Митилини, главниот град на островот. Еден Сириец беше полесно повреден и еден осомничен е уапсен, соопшти полицијата.
Кај друг инцидент полициските сили за борба со безредијата ги растуркале со палки бегалците кои чекале да се регистрираат, по избувнувањето на конфликтот помеѓу Сиријци и Авганистанци.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/FULPGw3maFs[/embed]Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




