(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО БОСНА: Eвакуирана е трудница во Јабланица
Објавено во: Балкан 04 Октомври, 2024
Спасувачки операции има во Босна и Херцеговина(БиХ) поради поплавите. Ламија Дурановиќ, директор на кантоналната болница „Д-р Сафет Мујиќ“ во Мостар, потврди дека во првиот бран на евакуација од Јабланица помош им е укажана на четири лица, од кои две се пренесени со хеликоптер.
„Се работи за трудница во осмиот месец од бременоста, која беше евакуирана од екипите на Планинарската спасувачка служба, а која за жал го загуби бебето. За жал моментално е во животна опасност. Не можам да дадам прогнози, бидејќи се работи со повеќекратни повреди опасни по живот“, изјави Дурановиќ за Avaz.ba.
Со неа, додаде таа е донесен и нејзиниот сопруг, а неговиот живот не е во опасност.
„Потоа со хеликоптер е пренесено 10-годишно момче, кое има скршеници и во моментов не е ни во животна опасност, како и маж, кој засега е стабилен“, изјавила таа.
Според досегашните информации, припадници на ГСС на носилки ги носат повредените до изворот Комадино, а потоа со помош на чамци се транспортираат до мостот Бегиќ и Беговиќ. Бројот на загинати е најмалку 20.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.