(ВИДЕО) ПОШТАР КОЈ ТАНЦУВА: Видеото е хит, сите го имитираат
Објавено во: Свет 22 Декември, 2018
Aмерикански поштар стана вистински хит на социјалните мрежи по точката што ја изведе пред безбедносната камера.
Тој забележал дека пред куќата каде доставувал пакети има безбедносна камера, па решил да направи шоу. Поштарот од Индијана почна да танцува пред вратата, а танцувањето за само неколку часа се имитира меѓу корисниците на социјалните мрежи.
Сопственичката на куќата, Бетани Оут добила нотификација на мобилниот дека има некој пред нејзината врата. Го видела на безбедносната камера и едноставно морала да го сподели видеото, вели за телевизијата КУТВ.
„Знаев дека морам да го споделам видеото. Тоа ни донесе насмевка на нашето лице за време на овој стресен дел од годината“, рече таа.
Ова успеа да измами насмевка на лицата на луѓето.