(ВИДЕО) Потона брод на реката Јангце, потресни фотографии го обиколија светот!
Објавено во: Свет 17 Јануари, 2015 11:27
Повеќе од 20 лица се водат како исчезнати откако на реката Јангце, во источната кинеска провинција Дјангс, потонал реморкер (брод за влечење) соопштиле тамошните власти.
Спасувачките групи извлекле од водата три лица од бродот кој потонал околу 15 часот по локално време, објавува кинеска агенција.
Меѓу исчезнатите се седум или осум странци кои работеле на бродот, вклучувајќи државјани на Сингапур, Јапонија и Индија.
На бродот имало најмалку 25 лица. Акцијата на спасување продолжува.
Реморкерот во време на несреќата бил на пробна пловидба.
Еден од преживеаните рекол дека ја проверувале состојбата на моторот кога бродот одеднаш почнал да тоне и водата нагло почнала да продира.
Можеби ќе ве интересира
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина





