14 Јуни, 2024
0.0265

(ВИДЕО) Повеќе од 30 музичари одржаа ненадеен новогодишен концерт сред „Веро Центар“

Објавено во: Мои пари, Македонија 31 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Тие го почнаа настапот излегувајќи од различни страни во трговскиот центар во стилот на „флеш моб“, а репертоарот беше составен од композициите Silent night, Jingle Bells, дела од Штраус итн. Посетителите на „Веро Центар“ викендов беа пријатно изненадени од ненадеен настап на гудачки оркестар составен од музичари од Македонската филхармонија и Македонска опера и балет и од професори и ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“. Излегувајќи од различни страни во трговскиот центар во стилот на „флеш моб“, тие го почнаа 30-минутниот концерт, а репертоарот беше составен од новогодишни композиции како Silent night, Jingle Bells, дела од Штраус како и од популарниот анимиран филм Frozen.
Веро центар е место за шопинг, но и за квалитетно поминато време за секој потрошувач Посетителите викендов беа пријатно изненадени од ненадеен настап на гудачки оркестар составен од музичари од Македонската филхармонија и Македонската опера и балет. Излегувајќи од различни страни во трговкиот центар во стилот на Флеш Моб, тие го почнаа 30 минутниот празничен концерт. Уживајте и споделете Веро ви ги честита Новогoдишните и Божикните празници! Posted by VERO Center on среда, 30 декември 2015
Оркестарот беше предводен од професорката по виолина, Наташа Малиновска, а диригент беше маестро Ерхан Шукри. Настапот го почнаа 15-ина професионални музичари од филхармонија, МОБ и професори, а во вториот дел им се придружија и 20-ина млади изведувачи кои се членови на детскиот оркестар на ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“. - Ова беше одлична шанса за да се афирмира класичната музика, но и да се придонесе за уште поубава атмосфера и предновогодишно расположение во градот. Воедно учениците имаа можност да настапат заедно со поискусни и постари колеги што секако е убаво искуство – вели Малиновска. vero Посетителите на „Веро Центар“ направија пауза од шопингот уживајќи во ненадејниот концерт. „Пријатно изненадување“ и „Уживање сред неделните обврски“, беа само дел од коментарите на публиката на овој несекојдневен музички настан. Маркетинг менаџерката Љубица Короскоска посочува дека ваков тип на случувања и во иднина ќе се организираат во трговскиот центар. - „Веро Центар“ е место за шопинг, но и за квалитетно поминато време за секој потрошувач. Уште од самиот почеток нашата мисија е пријатно да ги изненадуваме купувачите и да им го направиме денот поубав. Позитивните реакции ни се стимул да продолжиме и понатаму со ваквиот тип на настани, но и да бидеме уште подобри во тоа што ќе им го понудиме на нашите посетители – вели Короскоска. vero1 Во „Веро Центар“ изминатиов период се чувствуваше новогодишниот дух и покрај ненадејниот концерт, посетители уживаа и во детската претстава, празнични настани како и во големиот број на попусти и специјални понуди.

Можеби ќе ве интересира

Првиот Galaxy Watch FE им овозможува пристап до напредно следење на здравјето на уште повеќе корисници

Првиот Galaxy Watch FE им овозможува пристап до напредно следење на здравјето на уште повеќе корисници

НЛБ Банка со промотивна кампања и намалени каматни стапки за станбени кредити

НЛБ Банка со промотивна кампања и намалени каматни стапки за станбени кредити

Сто години Прилепска Пиварница – настан посветен на традицијата и на иднината

Сто години Прилепска Пиварница – настан посветен на традицијата и на иднината

A1 Македонија заедно со деловните корисници во Тетово на тема сајбербезбедност

A1 Македонија заедно со деловните корисници во Тетово на тема сајбербезбедност

Мултимедијално претставување на големата книга на Никола Маџиров – „Шестарот на времето“

Мултимедијално претставување на големата книга на Никола Маџиров – „Шестарот на времето“

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“, МЕДИЦИНСКИ ПАРТНЕР НА ФК "ВАРДАР"

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“, МЕДИЦИНСКИ ПАРТНЕР НА ФК "ВАРДАР"

ДОБРАТА КАМАТА ОД ДАЛЕКУ СЕ ГЛЕДА! Шпаркасе Банка со нова понуда за Депозит Плус

ДОБРАТА КАМАТА ОД ДАЛЕКУ СЕ ГЛЕДА! Шпаркасе Банка со нова понуда за Депозит Плус

Со голем настан Македонската шаховска федерација ќе одбележи еден век постоење на Светската шаховска федерација ФИДЕ

Со голем настан Македонската шаховска федерација ќе одбележи еден век постоење на Светската шаховска федерација ФИДЕ

Како да се отстрани непријатниот мирис на цигарите од домот?

Како да се отстрани непријатниот мирис на цигарите од домот?