(ВИДЕО) ПОЖАР ВО ЗГРАДА ВО АНКАРА: Загинаа три лица, меѓу кои и едно бебе
Објавено во: Свет 13 Јули, 2025 17:37
Три лица, меѓу кои и бебе, загинаа во голем пожар во станбена зграда во Анкара во Турција.
Пожарот избувна синоќа околу 22 часот во висока станбена зграда во квартот Чанкаја, во турската престолнина Анкара.
Пожарот почнал на четвртиот кат од 26-катната зграда и за многу кратко време се проширил кон горните катови. Интервенирале бројни екипи на противпожарната служба, кои се бореле со огнената стихија речиси четири часа, по што успеале целосно да го стават под контрола.
Според ТРТ, 26 лица се повредени, од кои 20 се пренесени во болниците Анкара Билкент, Етлик и клиниката на Медицинскиот факултет при Универзитетот Гази. Едно лице е во критична состојба.
Дополнително, 39 лица, меѓу кои и седум пожарникари, се пожалиле на симптоми на труење со чад и добиле медицинска помош на лице место.Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




