(ВИДЕО) Пратеник истепа граѓанин на плоштад во Приштина
Објавено во: Балкан 26 Октомври, 2025 07:09
Пратеникот на Демократскиот сојуз на Косово Арменд Земај истепа случаен минувач на плоштадот во косовскиот главен град Приштина.
Настанот се случил додека Земај давал изјава на плоштадот, кога граѓанин на поминување му дофрлил „лажго“ и „сите лажете“. Пратеникот возвратил, а вербалната расправија набрзо преминала во размена на тупаници, во која минувачот го извлекол подебелиот крај.
Косовската полиција потврди дека инцидентот навистина се случил, а јавноста бурно реагираше откако видеото беше објавено на мрежата „Х“.
Демократскиот сојуз на Косово веднаш го осуди нападот, опишувајќи го како „директно прекршување на институционалното достоинство и демократската култура“.
„Денес, за време на јавно интервју, се случи непријатна ситуација поради која искрено жалам. Еден граѓанин, не знам дали случајно или намерно, ме навреди и вербално ме провоцираше со неприфатливи зборови, пред медиумите и новинарот кој го спроведуваше интервјуто. Во тој момент реагирав во самоодбрана, во емоционална состојба, што не ги претставува моите лични убедувања ниту принципите што ги застапувам како пратеник и како член на ДСК. Во вакви случаи, без разлика на провокацијата, насилството во било каква форма не е вистинскиот одговор. За овој чин изразувам жалење и јавно се извинувам“, напиша Земај.
По инцидентот, пратеникот Земај се огласи на својот Фејсбук-профил, изразувајќи жалење и извинување за случката, додавајќи дека реагирал во самоодбрана.Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




