(ВИДЕО) Протест во Радовиш, граѓаните палеа партиски членски книшки
Објавено во: Македонија 01 Септември, 2021
Членови на СДСМ од Радовиш запалија членски книшки и партиско знаме незадоволни од новиот кандидат за градоначалник.
Приврзаници на актуелниот градоначалник на Радовиш, Герасим Конзулов, поради незадоволството од изборот на новиот кандидат за градоначалник Коле Чаракчиев што беше промовиран од партијата СДСМ, се собраа на протест на кој го запалиле партиското знаме и членски книшки.
Како што објави локалната телевизија Кобра, членовите на СДСМ од Радовиш кои бурно протестираа против одлуката на раководството на СДСМ, сметаат дека таквата одлука ја поделила партијата. Во Радовиш, СДСМ настапува со кандидатот Коле Чаракчиев кој е дипломиран електро инжинер, актуелен пратеник со работно искуство во приватен и јавен сектор, реагираа од партијата.
Фото: Телевизија Кобра* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.