(ВИДЕО) ПРОТЕСТИ ВО 21 ГРАД: Италијанските лекари бараат реформи
Објавено во: Свет, Корона Вирус 29 Мај, 2020
Италијанските лекари протестираа во 21 град и бараат реформи во здравството.
Се протестираше во Неапол, Болоња, Џенова, Торино, Фиренца и Палермо.
Стотици млади практичари и студенти се собраа во Милано и ги фрлија своите бели мантили на земја. Некои носеа транспаренти на кои пишуваше „Без лекар, остануваат само чуда“ и „Кој ќе ве лекува утре?“.
Идентична сцена се случи во Рим пред парламентот. „Без експерти, системот се распаѓа“, „Без експерти, ќе ве лекуваат министрите“, се вели во нивните транспаренти.
Велат дека не сакаат да ги викаат херои, туку си ги бараат правата.Додаваат дека до 2025 година ќе заминат во пензија повеќе од 60 отсто од нивните колеги специјалисти и општи лекари, нема кој да ги замени.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.